ИНЦИДЕНТ: Шпански авион-ловец истрела проектил во Естонија
За време на обука, шпански борбен авион стациониран во Литванија по грешка испушти ракета над југозападна Естонија. Од шпанското Министерство за одбрана, кое отвори истрага за случајот, потврдија дека не е предизвикана никаква штета.
Инцидентот се случил вчера попладне, „во зона во која таков тип вежба е дозволен“, а во ссоопштението дополнително се наведува дека ракетата воздух-воздух не погоди ниеден авион. Министерството за одбрана отвори истрага за да утврди како дошло до ваква грешка.
Слично
