Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНЦИДЕНТ: Момчиња истепале муслиманка во Мадрид

ИНЦИДЕНТ: Момчиња истепале муслиманка во Мадрид

Група момчиња во Мадрид, истепале муслиманка која носела хиџаб една недела по терористичките напади во Барселона и Камбрилс.

38-годишната жртва изјавила дека момчињата најпрво почнале да ја навредуваат, а потоа ја претепале пред станица на подземната железница. Персоналот повикал брза помош и била однесена во болница со исекотини, модринки и симптоми на анксиозност, јавува Ел паис.

Полицијата го води случајот како исламофобно злосторство, а истрагата е во тек. Тие добиле и пријави поради ксенофобни и исламофобни натписи на неонацистичката група Хогар сосијал во околината на нивното седиште во Мадрид.

Групата поставила транспаренти на кои пишува „Исламот ја уништува Европа, а ние ги отвораме вратите“ и „Терористите се добредојдени“. Мадридските власти повикаа на отстранување на транспарентите за да се спречи насилство. 

Слично

Поврзани вести