Имунолог од Франција тврди дека ни претстојат уште шест тешки месеци
Според француски лекар, уште неколку месеци светот ќе се бори со коронавирусот.
Жан Франсоа Делфреси, имунолог од Франција и претседател на Научниот совет за коронавирусот во Франција, ги охрабри Французите да бидат трпеливи, предупредувајќи дека ќе мора да живеат со вирусот до следното лето, јави дописникот на МИА.
Вели дека на сите ни претстојат шест тешки месеци.
„Сите мора да разбереме дека започнавме со среднорочна и долгорочна визија со овој вирус. Тоа е да се каже дека не е во прашање само септември 2020 година, тоа е цела зима 2020, пролетта 2021 година. Тоа ќе трае“, изјави тој во интервјуто за БФМТВ.
Во Франција од вирусот починаа над 32.500 луѓе.
Бројот на потврдени случаи е скоро 700.000.
Франција е во топ 10 земји според бројот на случаи на коронавирусот.
