ИМУНИЗАЦИЈА ПРОТИВ КОВИД ВО ФРАНЦИЈА И ЗА МЛАДИТЕ ОД 16 и 17 ГОДИНИ: Ќе бидат вакцинирани со Фајзер
Француската влада
ја проширува имунизацијата и за тинејџерите на возраст од 16 и 17 години. Министерството
за здравство на Франција ја донесе ваквата одлука, пред се за онаа група млади кои
можат да се соочат со висок ризик од сериозни болести предизвикани од корона
вирусот.
Имунизацијата на средношколците кои се на оваа возраст во Франција ќе биде спроведена со вакцината на Фајзер.
Инаку, и досега во земјата беа вакцинирани тинејџери, но само оние кои биле во близина со лица со ослабен имунитет, за да не се дозволи трансмисија на вирусот и загрозување на здравјето на нивните најблиски.
Слично
