Имотот на француските функционери на увид кај јавноста!
Со цел да се спречат конфликтите на интереси во француската влада, сите членови кои ќе достават имотни листи истите ќе им бидат објавени до 15 април.
Француската Влада најави нов закон кој би требало да биде усвоен до ова лето. Во меѓувреме ќе бидат објавени во јавноста имотните листови на сите министри во владата.
Овие мерки за „морализирање“ на политичкиот живот беа ветени од страна на претседателот Франсоа Оланд. Ове се смета и за одговор на политичкиот земјотрес предизвикан со аферата на непријавени банкарски сметки на поранешниот министер за буџет Жеро Каузак и гласините во францускиот печат дека во Швајцарија има сметки и шефот на француската дипломатија, вест која беше веднаш дематирана.
Слично
