Имигрантите продолжуваат да се собираат на границата помеѓу Германија и Австрија
Приливот на имигранти на германско-австриската граница воопшто не се намалува, откако двете страни се согласија да воведат построга контрола на петте гранични премини.
Околу 1.000 луѓе чекаат на граничните премини Вегшаид и Зимбах да се транспортираат до центрите во Германија. Во пограничниот регион вчера пристигнале над 5500 мигранти.
Германско-австриската граница е последната фаза од патувањето на многуте бегалци кои го користат т.н. балкански пат, бегајќи од сиромаштијата и воените конфликти на Блискиот Исток.
Германија и Австрија потпишаа договор, кој стапи на сила од денес. Со него двете страни оценија дека преносот и проверката на луѓето кои доаѓаат ќе се врши само на пет гранични премини, идентификувани од Берлин и Виена: Вегшаид, Ноихаус, Зимбах, Фраиласинг и Лауфен. Сите тие се во германската провинција Баварија.
Од австриската страна на овие премини се издигнати шатори отпорни на зимски услови со капацитет за околу 1.000 лица.
Германските власти планираат да го зголемат бројот на автобусите кои се користат за превоз на мигрантите до центрите за итен прием и сместување.
Новоформираните гранични премини за мигрантите ќе го ослободат силно презафатениот премин Пасау-Ахлаитен, во кој од синоќа автомобилите веќе можеа да минуваат нормално.
