Имигрантите и азилот во ЕУ
Пристигнувањето на преполни бродови со сиромашни и очајни имигранти во Европа, вршат притисок врз ЕУ да се пронајде решение.
Стотици не-европски емигранти минатиот месец се удавија во близина на малиот италијански остров Лампедуза, откако бегале од војните и сиромаштијата во Африка и на Блискиот исток.
Колку е голем проблемот со имиграцијата која сега за заплиснува Европа?
Нема сомнение дека Арапската пролет изврши нов имиграциски притисок врз Европа, со растечки број на луѓе кои се подготвени да ги ризикуваат животите со преминување на Медитераонт во слаби, пренатрупани бротчиња.
Во 2011 година, голем проблем беа илјадници Тунижани кои доаѓаа на Лампедуза. Подоцна тоа беа илјадници субсахарски Африкаци кои бегаа од конфликтот во Сирија. Сега е тоа бран од Сиријци кои бегаат од страшната граѓанска војна во нивната земја.
Италија и Малта побараа поголема помош од ЕУ - и тоа не е првпат. Пред ова лето, фокусот беше повеќе свртен кон Грција заради копнената граница со Турција, која стана најголема точка за преминување за илегалните емигранти кои влегуваа во ЕУ.
Италијанската влада вели дека 35.085 емигранти дошле до брегот на Италија во периодот помеѓу јануари и октомври годинава, од кои 73 проценти ги исполнуваат правните критериуми за азил.
Лампедуза е емигрантско грло затоа што е мал остров и лежи блиску до Северна Африка отколку копнена Италија. Италија ги проширува своите центри за прифаќање од сегашните 3.000 на 16.000 емигранти. Земјата ги затвори привремените кампови за емигранти од разрушената Либија на крајот на 2012 година, по смената на либискиот лидер Муамер Гадафи.
Проблемите на Италија ги споделуваат и некои други медитеранските соседи. Прифатните центри во Грција и на Малта се пренатрупани и со недостиг на ресурси. Двете земји беа критикувани од агенцијата за бегалци УНЦР на ОН, и од групите за човекови права, кои ги обвинуваа за кршење на правата на емигрантите.
Постојат многу други патишта кои ги користат илегалните емигранти за влегување во ЕУ, и за започнување на нов живот. Копното на Грција останува голема транзитна точка - многу имигранти патуваат преку Балканот, со надеж да стигнат до северна Европа.
Многу илегални имигранти минуваат незабележани, па затоа не постои точна бројка за нив. Но во 2012 година, имало 344,928 бегалци со нелегален престој во ЕУ, велат од Фронтекс, граничната агенција на ЕУ. Таа го опишува овој тренд како „воглавно стабилен“.
Како би го споредиле Медитеранот со другите влезни точки?
Во 2012 година, по рутите во источниот Медитеран - преку Грција - имало најмногу нелегални минувања на границите. Имало 37.214 пребегувања (или 51 процент од сите). Но во август 2012, бројот на оние кои се обиделе да влезат на овој начин почнал да опаѓа откако Грција, со помош на полицијата на Фронтекс, ја заострила безбедноста на својата копнена граница со Турција.
Бројките за преминувања по патиштата преку централен Медитеран - преку Италија - пораснале на 10.379 (или 14 проценти од сите дојдени емигранти).
Пред Арапската пролет, патиштата преку западниот Медитеран биле голем проблем за Шпанија, кога се повеќе бродови доаѓале на Канарските острови и носеле сиромашни субсахарски Африканци. Оттогаш Шпанија ја заострила граничната соработка со Мароко и подигнала електрифицирани ѕидови околу енклавите во Северна Африка - во Цеута и Мелила. Во 2012, пребегнувањата преку нелегалните гранични премини достигнале 6,397 луѓе кои тргнале на пат кон Шпанија.
Оние кои организираат нелегална трговија со луѓе исто така шверцуваат емигранти со ЕУ преку Источна Европа, често криејќи ги во камиони. Бројот на оние кои влегуваат на тој начин е помал. Некои се жртви на сексуални искористувања, и тие често доаѓаат од поранешниот Советски Сојуз. Но Германија исто така доживува зголемување на бројот на Чеченци кои бегаат од Русија и бараат азил.
Од каде доаѓаат најголемиот број емигранти?
По патиштата преку централен Медитеран, годинава најмногу имало Сиријци и Еритрејци, а по нив Сомалијци. Војни беснеат во Сомалија и во Сирија, а италијанските власти сметаат дека голем број од емигрантите се баратели на азил, бегаат од казнувања. Во случајот со Еритреја, излегува дека голем број се млади мажи кои бегаат од обврската за служење војска, која е поврзана со ропство. Еритреја е зафатена со политичка опресија, велат од некои групи за човекови права.
Во 2012 година, најголемиот број апликанти за азил во ЕУ доаѓаат од Авганистан - 28.010 луѓе. Други големи земји од каде потекнуваат бегалците се Русија (24.285), Сирија (21.100), Пакистан (19.685), Србија (19.060) и Сомалија (14.270).
Важно е да се напомене дека огромен број на ЕУ граѓани слободно се движат од една во друга држава. И тие се нарекуваат „имигранти“, но се целосно под заштита на ЕУ законите, освен ако не се криминалци бегалци. Нивниот статус е сосема различен од оние на не-ЕУ имигрантите. Во некои ЕУ држави, меѓу кои е и Обединетото Кралство, тие стануваат проблем заради притисокот кој го прават врз социјалните служби, и заради конкуренцијата за работни места.
Повеќето ЕУ земји се во Шенген зоната, што им овозможува полесно минување на границите без да мораат да покажат пасош или друг документ.
Како реагира ЕУ на сегашниот проблем со имигрантите?
Со години ЕУ се мачеше да ги хармонизира политиките за азил. Тоа е тешко да се оствари помеѓу 28 земји членки, секоја со своја полиција и судство.
Подетални заеднички правила се донесени со Заедничкиот европски систем за азил - но правилата се едно нешто, а нивнито активирање во поширока пракса во ЕУ е друго.
Регулативата Даблин е клучен принцип за справување со барањата за азил во ЕУ. Таму стои дека одговорноста за испитување на барањата лежи првенствено кај самите земји членки кои играат најголема улога во влезот на барателите, или за нивен престој во ЕУ. Вообичаено е тоа првата земја каде што ќе пристигнат имигрантите - но не и секогаш, затоа што во многу случаи имигрантите сакаат повторно да се обединат со членови од семејството, на пример во Обединетото Кралство или во Холандија.
Постојат тензии во ЕУ во врска со Регулативата Даблин - Грција се пожали дека е преплавена со барања, затоа што толку многу имигранти прво пристигнале во Грција. Финска и Германија се помеѓу многуте држави кои престанаа со враќање на емигрантите назад во Грција.
ЕУ исто така го има системот Еуродак - заедничка база на податоци на отпечатоци од прсти на сите баратели на азил, каде може да се пристапи под строга контрола. Полициите го користат овој систем за да пресретнат лажни или повеќекратни барања за азил.
Европската Комисија побара од владите на ЕУ да ја прошират операцијата за набљудување на Медитеранот, „од Шпанија до Кипар“, за да се спречат други трагедии со бродови.
Фронтекс има само неколку авиони и бродови надвор од Италија - целиот годишен буџет на агенцијата изнесува 86 милиони евра.
Италија го зголемува бројот на своите поморски патроли, а Европа се согласи за се започне со систем за размена на податоци во декември, наречен Еуросур, наменет за побрзо откривање на нелегални бродови со емигранти.
Како имигрантите добиваат азилантски статус во ЕУ?
Тие мора да ги убедат властите дека бегаат од казнувања и дека ќе се соочат со тешкотии, дури и со смрт, ако ги вратат во нивната матична земја. Меѓународните закони ја обезбедува таа заштита за вистинските бегалци.
Забраната за „масовни враќања“ - позната и како „неисполнување“ - е принцип во ЕУ. Сепак, во некои случаи тоа не се почитува. Пред востанието во Либија, италијанската влада на Силвио Берлускони рутински спречувала имигрантски бродови да дојдат до копното без да минат во процедурата за барања за азил. Грција беше исто така обвинувана за слични активности во минатото.
Според правилата на ЕУ, барателите на азил имаат право на храна, прва помош и засолниште во прифатните центри. Тие треба да добијат посебна проценка за нивните потреби. Можат да аплицираат за азил откако ќе им се земат отпечатоци од прсти, и ќе бидат интеврјуирани од обучени социјални работници. Може да им биде доделен азил од властите „од прва рака“. Ако тоа не успее, тие можат да поднесат жалба на одлуката во суд, и мнозина подоцна добиваа азил.
На барателите на азил може да им се дозволи право на работа во тек на девет месеци од пристигнувањето.
Од Европската Комисија - извршното тело на ЕУ - велат дека се уште постојат премногу разлики кај земјите членки на ЕУ како да се справваат со барањата за азил. На пример, стапката за позитивен одговор за барателите на азил од Судан е два проценти во Шпанија, но 68 проценти во Италија, велат од Комисијата
Колку барања за азил се успешни?
Во 2012 година имало 335.365 барања за азил во ЕУ - што е пораст во однос на 2011 година. Германија е на прво место, и се справува со една четвртина од сите барања.
Скоро три четвртини од барањата според правилото на одговор од прва рака се негативни, а само нешто повеќе од една четвртина од барања се позитивни.
Од позитивните, 52 прцоенти добиваат статус на белагци - тој им се доделува на оние кои бегаат од казнувања. Другите добиваат „субвенционирана заштита“ - што значи дека нема да бидат вратени назад, ако тоа ги става во опасност нивните животи.
Извор: Миа
