Економија, финансии, бизнис

Контакт

Името мајмунски сипаници ќе биде сменето, најави СЗО

Името мајмунски сипаници ќе биде сменето, најави СЗО

Мајмунските сипаници ќе добијат ново име кое нема да биде дискриминирачко. 

Светската здравствена организација (СЗО) најави дека ќе ги преименува мајмунските сипаници за да ја избегне дискриминацијата и стигматизацијата затоа што вирусот продолжува да се шири меѓу луѓето на глобално ниво, јавува „Гардијан“.

Д-р Тедрос Адханом, директорот на СЗО рече дека организацијата работи со партнери и експерти од светот за промена на името на вирусот „мајмунски“ сипаници. 

„Овој потег доаѓа откако научниците повикаа на ‘итна’ промена на името што го опишуваат како ‘несоодветно’, ‘дискриминациско’ и ‘стигамтизирачко’ во извештајот минатата недела. Новото име ќе биде објавено што е можно поскоро“, изјави Тедрос.

Овогодинешната епидемија е поттикната од „западноафриканскиот“ тип на мајмунски сипаници, што е значително помалку опасен од другиот тип, „конгонски басен“ („централноафрикански“). Сепак, одлуката на СЗО се однесува и на двата типа.

Слично

Поврзани вести