Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ИМАТЕ САМО НЕКОЛКУ ДЕНА, АКО НЕ ПОСТИГНЕМЕ ДОГОВОР САД СЕ ОТКАЖУВААТ“: Рубио со ваков тон за војната во Украина

„ИМАТЕ САМО НЕКОЛКУ ДЕНА, АКО НЕ ПОСТИГНЕМЕ ДОГОВОР САД СЕ ОТКАЖУВААТ“: Рубио со ваков тон за војната во Украина

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека ако не е можно да се стави крај на војната во Украина, Соединетите Американски Држави треба да се откажат од напорите и да продолжат понатаму. „Ако не е можно да се стави крај на војната во Украина, мора да продолжиме понатаму“, им рече тој на новинарите пред да замине од Париз.

„Ова не е наша војна. Ние не ја започнавме. САД и помагаат на Украина три години и сакаме војната да заврши, но ова не е наша војна“, рече Рубио. „Претседателот Доналд Трамп 87 дена прави континуирани напори на највисокото ниво на владата за да ја доведеме оваа војна до крај. Сега доаѓаме до точка кога треба да одлучиме и да утврдиме дали тоа е воопшто можно. Затоа разговараме со двете страни“, додаде тој.

„Треба многу брзо, во рок од неколку дена, да утврдиме дали мировниот договор е остварлив на краток рок, бидејќи ако не е, мислам дека само ќе продолжиме понатаму“, рече Рубио. „Нема да ги продолжиме овие напори со недели и месеци без крај“, додаде тој.

Највисокиот американски дипломат истакна дека Доналд Трамп сè уште сака да работи на постигнување мир, но дека САД имаат и бројни други приоритети ширум светот. „Мораме да одлучиме многу брзо, а јас зборувам за прашањето на денот, дали е можно да се постигне договор во следните неколку недели. Ако е така, ние сме за. Ако не е, ќе мора да се фокусираме на други приоритети“, рече Рубио.

САД: Имаме нов план за мир, им го претставивме на Русија, Украина и Европа

Соединетите Држави им претставија на Украина, Русија и Европа „рамка за траен и одржлив мир“, изјави портпаролката на Стејт департментот Тами Брус.

Украинската вицепремиерка и министерка за економија Јулија Свириденко вчера објави дека САД и Украина потпишале меморандум во врска со договорот за минерални суровини кој допрва треба да се финализира. Претставници на Белата куќа претходно нагласија дека договорот е клучен за напредокот во мировните преговори.

„Американскиот претседател Доналд Трамп и Соединетите Држави сакаат да стават крај на оваа војна и сега ја поставија рамката за траен и одржлив мир за сите страни“, рече Брус. Според неа, предлогот бил претставен пред украинските и европските претставници во Париз, додека американскиот државен секретар Марко Рубио истото и го пренел на Русија во телефонски разговор.

„Рубио разговараше со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Државниот секретар на својот руски колега му ја пренесе истата порака што американската делегација им ја пренесе на украинските претставници и нашите европски сојузници во Париз“, рече Брус. Таа додаде дека американскиот предлог бил позитивно примен во Париз.

„Охрабрувачките реакции на предлогот на САД во Париз покажуваат дека мирот е можен, доколку сите страни се навистина посветени на постигнување договор“, рече Брус.

EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Слично

Поврзани вести