Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМАТЕ ЛИ 500 ДОЛАРИ - повелете да си купите вакцина на црниот пазар

ИМАТЕ ЛИ 500 ДОЛАРИ - повелете да си купите вакцина на црниот пазар

Истражувачи од компанијата „Касперски“ испитале 15 различни пазари на таканаречениот даркнет и откриле реклами за три вакцини против коронавирусот - на Фајзер, АстраЗенека и на Модерна.

Според соопштението, имало и продавачи што рекламирале непроверени вакцини.

„Повеќето продавачи се наоѓаат во Франција, Германија, Велика Британија и САД, а цените по доза се движеа од 250 до 1.200 долари, со просечна цена од околу 500 долари. Комуникацијата се прави преку апликации за шифрирана размена на пораки како Викр и Телеграм, додека барањето за плаќања се прави во форма на криптовалута, пред сè биткоин“, соопшти компанијата Касперски.

Се додава дека повеќето од овие продавачи од црниот пазар извршиле меѓу 100 и 500 трансакции, што укажува на тоа дека оствариле продажба, но што точно купуваат корисниците на даркнет останува нејасно.

Слично

Поврзани вести