Економија, финансии, бизнис

Контакт

Имате 400.000 долари? Купете си град во САД и ќе ви вратат кусур!

Имате 400.000 долари? Купете си град во САД и ќе ви вратат кусур!
Малиот град Свит во американската сојузна држава Јужна Дакота може да биде ваше, ако уплатите релативно скромни 399.000 американски долари. Во понудата се вклучени бар, работилница, три приколку за живеење, куќа и нешто повеќе од шест ари земјиште. Ленс Бенсон, кој е сопственик и половина од популацијата во ова место, вели дека не се среќен што го продава и оти можеби ќе го задржи ако не пронајде соодветен купувач. Во 40-тите години во Свит живееле 40-тина луѓе, но денеска се само тој и неговата сопруга. Иако можеби звучи бесмислено, но инвестицијата не е толку лоша, бидејќи барот во Свит е единствен во радиус од 20 километри и уште привлекува доста „верни“ муштерии. „Ова место е практично крајот на автопатот и таму каде што повторно започнува Дивиот Запад“, изјавил еден од посетителите на барот.
Слично

Поврзани вести