ИМАШЕ ЗА УБИСТВО И ТЕРОРИСТИЧКИ АКТИ, СЕГА И ЗА ВЕЛЕПРЕДАВСТВО - Белорусија го проширува „опфатот“ на смртната казна
Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко потпиша закон со кој се овозможува смртна казна за функционери и припадници на вооружените сили осудени за велепредавство, соопшти неговиот кабинет.
Белорусија, близок сојузник на Русија, е единствената земја во Европа која сè уште ја применува смртната казна. Досега постоеше за злосторства како убиство или терористички акти. Егзекуциите се вршат со еден истрел во задниот дел од главата.
Затворска казна за лица осудени за дискредитација на вооружените сили
Споменатата промена е дел од измените на кривичниот законик, чија прокламирана цел е зајакнување на борбата на Белорусија против „злосторствата од екстремистичка (терористичка) или антидржавна ориентација.
Според друга измена што денеска ја одобри Лукашенко, лице осудено за „дискредитација“ на белоруските вооружени сили ќе добие затворска казна. Русија донесе сличен закон по инвазијата на соседна Украина пред нешто повеќе од една година.
Белорусија не испрати свои војници во Украина, но и дозволи на Русија да ја користи нејзината територија за да започне инвазија на Украина во февруари 2022 година. Таа, исто така, им дозволува на руските авиони и беспилотни летала да го користат нејзиниот воздушен простор за да ја нападнат Украина.
Индекс.хр
