ИМАШЕ 38 ГОДИНИ: Србин загина во Курск
Српскиот доброволец во руската војска, Марко Матовиќ, загинал во борбите со украинската армија во Курск во Русија.
Матовиќ е од Земун. Матовиќ, поранешен член на Падобранската бригада на српската војска, имаше 38 години. Тој бил дел од руската војска од декември 2022 година. Тој е повеќекратно ранет и одликуван како редовен припадник на руските вооружени сили во рамки на 106-та дивизија, 119-ти полк на руските воздухопловни сили (ВДВ). Позивен знак му бил „Мат“. Како член на специјален одред за итна евакуација на ранетите од линијата на фронтот, при извлекување на тешко ранет руски војник, проектил од дрон го погодил Србинот. Како што пишуваат српските медиуми, Матовиќ е погребан денеска на гробиштата во Батајница. Повеќе Срби досега загинаа во војната меѓу Русија и Украина. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.
