Имаме уште многу работa, вели Фаучи за пандемијата
Прерано е да прогласиме победа, имаме уште многу работa, вели водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи.
Тој предупредил дека е прерано САД да прогласи победа над коронавирусот, иако бројот на случаи паднал на најниска стапка од јуни лани.
„Не сакаме прерано да прогласиме победа, бидејќи имаме уште работа. Но, бидејќи се повеќе и повеќе луѓе може да се вакцинираат, толку заедницата ќе биде побезбедна и побезбедна", рекол Фаучи во интервју за "Guardian".
Бројот на дневни случаи се намалил за 53 проценти од 1-ви мај, според податоците на Универзитетот Џон Хопкинс, но стапката на заразување и натаму е висока.
„Се додека постои одредено ниво на активност во целиот свет, секогаш постои опасност од избивање на нова варијанта, што донекаде ја намалува ефикасноста на нашите вакцини", рекол Фаучи.
Во светот има повеќе соеви на коронавирусот кои се закана за луѓето. САД е на врвот по бројот на ковид случаи во светот.
Австрискиот виролог Кристоф Штајнингер вели дека животот нема да биде како пред пандемијата.
foto reuters
