Економија, финансии, бизнис

Контакт

Имаме свои вакцини, нема да одобриме странски, порачаа од Кремљ

Имаме свои вакцини, нема да одобриме странски, порачаа од Кремљ

Русија нема да одобри странски вакцини против коронавирусот. 

Кремљ ја отфрли идејата за одобрување на странски вакцини против коронавирусот во Русија. 

„Ние имаме свои вакцини, имаме четири од нив, зарем тоа не обезбедува избор?“, рече Дмитриј Песков - портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.

Русија досега одобри четири вакцини, вклучително и Спутник В, кои Москва се обидува да ги извезе низ целиот свет. Европската агенција за лекови (ЕМА) ја разгледува апликацијата за одобрување на вакцината Спутник В во Европската унија. Во Русија почна третиот бран, а присутен е и делта сојот. 

Слично

Поврзани вести