ИМАМ ВОДЕШЕ МОЛИТВА СО ПУШКА ВО РАКА: Иранка им порача на Израелците да спремаат ковчези
Илјадници Иранци беа излезени на улиците во Техеран, а имам ја
водеше молитвата со пушка во рака.
Ова е протест против Израел, земја со која веќе втора недела Иран разменува напади. Тие скандираа антизападни слогани, а многумина носеа фотографии од ирански команданти убиени од почетокот на конфликтот со Израел. Молитвата во Техеран беше проследена со големи протести во центарот на градот, а државната телевизија прикажа слики од толпата како гази по израелските и американските знамиња. Знамињата на Хезболах, сојузникот на Иран од Либан, исто така се вееја на улиците. Скај њуз, исто така, ја цитира изјавата на жена од Карај, град западно од Техеран, која им рекла на жителите на Тел Авив да „ги подготват ковчезите“. Слични собири имаше и во други градови, вклучувајќи го и Ахваз, каде што имам ги водеше молитвите во воена униформа со пушка во рака.
САД во наредните две недели ќе одлучи дали ќе го нападне Иран. Израел смета дека Иран може да ги загрози нив со нуклеарно оружје.
