Економија, финансии, бизнис

Контакт

Имало ли напади со хемиско оружје во Сирија?

Имало ли напади со хемиско оружје во Сирија?

Невладината организација Сириско-американско лекарско здружение, која нуди медицинска помош во сириската граѓанска војна, денеска соопшти дека најмалку 11 лица се затруени со боев отров во градот Идлиб. 

Ова е едно од главните упоришта на бунтовниците во Сирија.

Велат дека гасот е фрлен од хеликоптери на сириската армија со импровизирани бомби изработени од буриња полни со хлор во гасна состојба. 

Организацијата објави снимки од лица кои претрпеле последици од вдишувањето на хлор.

Хуманитарната организација Бели Шлемови, пак, соопшти дека тројца нејзини активисти се затруени при нападот.

Ова е трет случај месецов во кој сириската армија е обвинета за хемиски напад врз бунтовничките позиции. 

Слично

Поврзани вести