Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМАЛО 300 ПОТРЕСИ ВО ИСТАНБУЛ: Турците ноќта ја поминаа во паркови, се очекува силен земјотрес

ИМАЛО 300 ПОТРЕСИ ВО ИСТАНБУЛ: Турците ноќта ја поминаа во паркови, се очекува силен земјотрес

Tурскиот град Истанбул го стресоа 300 последователни потреси, а сеизмолозите очекуваат уште еден силен земјотрес. 

И денеска во градот имаше земјотреси.  Министерот за здравство Кемал Мемишоглу изјави дека 236 луѓе се повредени, од кои 173 во Истанбул. Петнаесет од нив морало да бидат задржани во болница. 

Нема извештаи за урнати згради. Министерот за урбан развој Мурат Курум објави дека 12 згради се евакуирани како мерка на претпазливост.

Сеизмолозите и геолозите се согласуваат дека сè уште се очекува голем земјотрес. Иако не е познато кога би можело да се случи, експертите предвидуваат дека би можел да достигне јачина од 7,4 степени, а некои дури проценуваат и потенцијална јачина од 7,7.

Локалните медиуми објавуваат дека жителите ја поминале ноќта во паркови, поставувајќи шатори наместо да се вратат во своите домови. АФАД ги повика луѓето да избегнуваат потенцијално небезбедни згради. 

Турција се наоѓа во еден од сеизмички најактивните региони во светот.

Во 2023 година во земјотреси во Турција и Сирија загинаа над 50.000 луѓе. 

Слично

Поврзани вести