ИМАЛ ВРСКИ СО РУСИЈА: Зеленски му го одзеде украинското државјанство на митрополитот Онуфриј
Украинскиот претседател Володимир Зеленски му го одзеде украинското државјанство на митрополитот Онуфриј поради врски со Русија и поддршка на московската патријаршија.
СБУ тврди дека митрополитот Онуфриј, чие вистинско име е Орест Березовски, е државјанин на Руската Федерација од 2002 година, за што не ги информирал украинските власти, а исто така го обвинува и за одржување врски со Московската патријаршија, која „ја поддржува руската агресија против Украина“, објави денес украински Интерфакс.
И покрај целосниот обем на инвазијата, Онуфриј практично продолжил да ја поддржува политиката на Руската православна црква и нејзиното раководство, вклучително и патријархот Кирил.
Русија ја нападна Украина пред три и пол години.
