Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМАЛ СИЛНИ ЧУВСТВА КОН ШИИТСКИОТ ЕКСТРЕМИЗАМ: Кој е Хади Матар, Либанецот кој крвнички го избоде Салман Ружди

ИМАЛ СИЛНИ ЧУВСТВА КОН ШИИТСКИОТ ЕКСТРЕМИЗАМ: Кој е Хади Матар, Либанецот кој крвнички го избоде Салман Ружди

Напаѓачот на писателот Салман Ружди имал симпатии кон иранската Револуционерна гарда, пишува „ NBC New York“

Хади Матар (24), осомничен за нападот на писателот Салман Ружди, имал симпатии за шиитскиот екстремизам и целите на иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), било утврдено по детална анализа на неговите профили на социјалните мрежи, наведува NBC New York, повикувајќи се на извори од полицијата запознаен со истрагата.

Матар е роден во Калифорнија, а неодамна се преселил во Њу Џерси, а како што пренесува Reuters, тој имал лажна возачка дозвола.

Иран допрва треба официјално да одговори на нападот врз Ружди, но неколку националистички ирански весници го пофалија неговиот напаѓач.

Официјален претставник на либанската вооружена група Хезболах, поддржана од Иран, претходно денеска изјави дека групата нема дополнителни информации за нападот со нож врз писателот Салман Ружди.

– Не знаеме ништо за оваа тема, затоа нема да коментираме – изјави за Ројтерс функционер кој не сакаше да биде именуван.

Книгата на Ружди „Сатански стихови“ е забранета во Иран од 1988 година, а многу муслимани ја сметаат за богохулење.

Една година подоцна, починатиот ирански водач, ајатолахот Рухолах Хомеини, издаде фатва во која повика на смрт на Ружди.

Понудена е награда од над 4 милиони долари за секој што ќе го убие Ружди.


Слично

Поврзани вести