Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМАЛ 40 ГОДИНИ: Се јави сестрата на војникот кого Русите го убија откако изговори „Слава на Украина“

ИМАЛ 40 ГОДИНИ: Се јави сестрата на војникот кого Русите го убија откако изговори „Слава на Украина“

Тимофиј Шадура, војник на Копнените сили од 30-та посебна механизирана бригада е невооружениот војник кого Русите го стрелаа. Имал 40 години. 

Шадура се смета за исчезнат од 3 февруари годинава по воените дејствија во областа на градот Бахмут. Телото на војникот се наоѓа на привремено окупираната териториja, соопшти украинската војска. Неговата сестра го препознала по видеото кое го објавила руските сили. 

Тој пушеше цигара, по што почнаа да го снимаат, а неговите последни зборови беа „Слава на Украина“ пред да го стрелаат. Украинскиот претседател Володимир Зеленски вети дека ќе ги најдат убијците на војникот. 

Битката за Бахмут продолжува. Војници кои се распоредени во Бахмут, за медиумите рекоа дека ќе продолжат да се борат и дека ниту еден град да им остават на како што рекоа руските гадови. Тие посочија дека ќе ги следат насоките од нивниот врховен командант на вооружените сили.  Украинските граѓани велат дека по завршување на војната, треба во градовите да има споменици во чест на херојот. Војната почна лани на 24 февруари кога Русија ја нападна Украина. 

Слично

Поврзани вести