Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМАЈТЕ РЕЗЕРВА: На дожд заштитните маски не се толку ефективни

ИМАЈТЕ РЕЗЕРВА: На дожд заштитните маски не се толку ефективни

Маските кои ги користиме за заштита од коронавирусот може да бидат многу помалку ефективни на дожд. 

За ова предупреди Светската здравствена организација. Есента е период кога нè очекуваат многу влажни бранови поради што јавноста мора да биде запозната со оваа информација, додаваат од СЗО. 

Влагата ги прави маските порозни. 

СЗО и група експерти потенцираа дека маските што ги носиме задолжително треба да ги смениме кога дождот ќе ги навлажни.  

Одржувањето на хигиена на маската не е потребна само кога ќе биде навлажнета. 

Секогаш кога маската ќе биде и најмалку извалкана, потребно е да се смени, идеално после едно носење. 

Затоа се препорачува да се поседува повеќе од една маска, со цел да се смени веднаш кога тоа ќе биде неопходно. 

Слично

Поврзани вести