Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМААТ УСЛОВ: САД може пак да ја покрене воената помош за Украина

ИМААТ УСЛОВ: САД може пак да ја покрене воената помош за Украина

Повторното покренување на помошта за Украина зависи од обновата на довербата, порача Белата куќа. 

„Американскиот претседател Доналд Трамп ќе размисли за продолжување на воената помош за Украина доколку се постигне договор за мировни преговори и се преземат чекори за обнова на довербата“, изјави денеска советникот за национална безбедност на Белата куќа, Мајк Волц.

Трамп во понеделникот ја прекина помошта за Украина, а во вторникот рече дека добил писмо од украинскиот претседател Володимир Зеленски во кое изразува подготвеност да преговара.  Валц рече дека писмото е „добар, позитивен прв чекор“. Неодамна Зеленски беше во посета на Вашингтон и влезе во расправија со претседателот Трамп. Потоа, Трамп го обвини Зеленски дека не сака мир.  Инаку, војната трае повеќе од 3 години. 

Слично

Поврзани вести