Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМААТ СРЕЌНИ РАБОТНИЦИ: Четири од пет фирми нудат флексибилно работно време

ИМААТ СРЕЌНИ РАБОТНИЦИ: Четири од пет фирми нудат флексибилно работно време

Во Германија повеќето фирми даваат можност за флексибилно работно време. 

Од Министерството за економија на Германија потврдуваат дека четири од пет фирми нудат модели за флексибилно работно време. 

Компаниите добиваат задоволни работници, кои повеќе се ангажираат на работа, што влијае на профитот на претпријатието.

Аналитичарите сметаат дека на тој начин на вработените им се нуди, во согласност со барањата на фирмата, да ги усогласат и своите семејни обврски и работното време. 

Идејата за „три осмици“, осум часа работа, осум часа одмор и осум часа спиење во современата економија е напуштена, а државите кои не го прифаќаат западниот концепт на работа, според експертите, тешко се прилагодуваат на идејата „парт тајм“. 

Светските гиганти како Бош, БАСФ или Фолксваген неколку години привлекуваат стручна работна сила на начин што нудат посебни привилегии кои се однесуваат на работното време.

Слично

Поврзани вести