ИМАА РАЗЛИЧНИ ПРОГРАМИ ЗА ПОМОШ: Kaкви планови има Трамп за УСАИД?
Администрацијата на американскиот претседател ДоналдТрамп размислува да ја стави УСАИД под контрола на Стејт департментот.
Тоа би било значајна реформа на начинот на кој Вашингтон ја доделува странската помош, пишуваат британските медиуми.
Извор на Ројтерс изјави дека американскиот Совет за национална безбедност неделава организираше дискусии, но објасни дека уште не се донесени конечни одлуки.
Минатата недела, администрацијата на претседателот Доналд Трамп ја суспендираше американската странска помош, објаснувајќи дека спроведува ревизија за да се осигура дека помошта од десетици милијарди долари е во согласност со доктрината на надворешната политика на Трамп „Америка на прво место“ и дека не е губење пари на даночните обврзници.
Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, цитирајќи ги „гласините“ дека Трамп планира да ја распушти УСАИД како независна агенција, на X објави дека таквиот потег би бил „нелегален и против нашите национални интереси“.Во текот на 2023 година, САД одвоија 72 милијарди долари ширум светот како дел од различни програми за помош.
