Има жртви во источна Украина - руските сили погодија железничка станица
Ракетирана е железничка станица во источниот дел од Украина.
Повеќе луѓе загинаа откако три ракети погодија железничка станица во источна Украина, оштетувајќи згради и шини.
Најмалку четири лица загинаа денеска во руски артилериски напад, а уште толку се повредени на пункт за дистрибуција на хуманитарна помош додека руските војници бомбардираа градови и железничка инфраструктура во источниот дел на Украина.
Руските сили го гранатираа Северодоњецк, објави гувернерот на Луганск, Серхи Хајдаи кој додава дека горат десет згради.Украина им порача на жителите во источните региони на земјата да се евакуираат „сега“ или „да ризикуваат смрт“.
Слично
