ИМА ЖРТВИ: Русите погодија полигон за обука во Украина
Два руски проектила утрово погодиле украински полигон за обука, при што има жртви, соопшти Јужното оперативно командување на украинската армија, пренесе Kyiv Post. Точната локација и бројот на загинати засега не се објавени.
„Поради непријателскиот оган, и покрај воздушната тревога, преместувањето во засолништа и другите безбедносни мерки, не беше можно целосно да се избегнат загуби. Надлежните служби работат на терен, а повредените се згрижени со целата неопходна медицинска помош“, стои во соопштението на украинското командување.
Вооружените сили покренаа внатрешна истрага за утврдување на сите околности на нападот, кој се случил во текот на масовен комбиниран удар врз Украина. Украинските воздухопловни сили соопштија дека во текот на ноќта се детектирани 37 проектили – меѓу нив 28 балистички – и 320 дронови, насочени главно кон енергетските објекти во земјата, што предизвикало прекини во снабдувањето со електрична енергија низ повеќе региони. Руската инвазија на Украина трае повеќе од 3.5 години.
