Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМА ЖРТВИ: Повторно се случи експлозија во џамија во Авганистан

ИМА ЖРТВИ: Повторно се случи експлозија во џамија во Авганистан

Експлозија се случи во џамија во Авганистан, при што две лица загинаа. 

Повеќе од десетина луѓе се ранети при експлозија во џамија во источната авганистанска провинција Нангархар. Експлозијата се случи на петочната молитва во селото Тарела во областа Спин Гар во Нангархар.

Провинциски племенски старешина изјави дека главна цел бил гувернерот на талибанската област, кој е меѓу ранетите. Никој засега не презеде одговорност за нападот. Но, милитантите на Исламската држава водеа интензивна кампања на насилство во областа.

Досега имаше повеќе вакви напади со жртви. Кон крајот на август, Талибанците ја преземаа контролата во Авганистан. 

Слично

Поврзани вести