Има вакцина која делува и против британскиот сој: Ефикасноста е 90 проценти
Нова вакцина против коронавирус покажува ефикасност од скоро 90 проценти, покажуваат резултатите од студијата спроведена во Велика Британија. Вакцината Новавакс е прва што за која е докажано дека има ефект против новиот „британски“ вид на Ковид-19.
Премиерот Борис Џонсон ја поздрави „добрата вест“, додавајќи дека регулаторот на лекови сега ќе донесе одлука за одобрување на вакцината.
Велика Британија веќе нарача 60 милиони дози Новавакс. Тие се очекува да бидат испорачани во втората половина на годината доколку производот биде одобрен, соопшти владата.
Вакцината Новавакс е втора вакцина што помина низ огромно тестирање на Островот по онаа на АстраЗенека. Истражувачите пријавиле ефикасност против вирусот од 89,3 проценти во третата фаза на испитувања со повеќе од 15.000 волонтери на возраст од 18 до 84 години.
