Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМА ТРИ УСЛОВИ: Путин на Макрон му кажал што бара од Украина

ИМА ТРИ УСЛОВИ: Путин на Макрон му кажал што бара од Украина

Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на својот француски колега Емануел Макрон дека Москва е отворена за разговори со Киев, соопшти Кремљ.

„За време на долгиот телефонски разговор на иницијатива на француската страна, рускиот претседател Владимир Путин и францускиот претседател Емануел Макрон имаа сериозна и значајна размена на мислења за сите аспекти на ситуацијата околу Украина“, се вели во соопштението.

Путин му рекол на Макрон дека решението на кризата во Украина е можно само ако безусловно се земат предвид легитимните безбедносни интереси на Русија, кои вклучуваат:

– признавање на рускиот суверенитет над Крим.
– демилитаризација и денацификација на украинската држава.
– обезбедување на неутрален статус на Украина.

Претседателот на Франција во последните часови неколкупати разговарал со украинскиот лидер Владимир Зеленски, соопшти прес-службата на Елисејската палата.

Двете земји денеска почнаа преговори. Минатата недела Русија ја нападна Украина, а претходно ги призна како независни Доњецк и Луганск. 

Слично

Поврзани вести