ИМА СУДИРИ, ЛУЃЕТО СЕ РАСПРАВААТ ПОРАДИ НЕДОСТИГ ОД ХРАНА И ВОДА - во Турција безбедносната ситуација брзо се влошува
Репортерката на Скај њуз со седиште во Шанлиурфа во југоисточна Турција вели дека безбедносната ситуација на теренот „брзо се влошува“.
Има извештаи за судири во некои области додека луѓето се расправаат за недостиг на храна и вода, што ги запре хуманитарните работници да им помагаат на погодените од катастрофата, објасни таа.
Распространети се и грабежите.
Да потсетиме, двете германски екипи кои помагаа при спасувањето вчера го прекинаа спасувањето поради лошата безбедносна ситуација. Спасувањето накратко го прекина австрискиот тим, но потоа продолжија со работата.
Во меѓувреме, турските власти уапсија или издадоа налози за апсење на голем број од оние кои се наводно вклучени во изградбата на згради кои урнаа и згмечија луѓе по разорните земјотреси претходно оваа недела. Во моментов се обвинети околу 130 лица како учесници во изградбата на зградите кои се урнаа за време на смртоносните земјотреси во Турција.
Синоќа турскиот потпретседател Фуат Октај изјави дека се издадени налози за апсење на 131 лице осомничени дека се одговорни за уривањето на зградите.
Министерот за правда вети дека ќе ги казни сите одговорни, а обвинителите почнаа со истраги и собирање докази за материјалите користени во градбата.
Властите во провинцијата Газиантеп, исто така, уапсија две лица осомничени дека уривале колони за да направат дополнителен простор во урнатата зграда, објави државната новинска агенција Андалонија.
Министерството за правда сега ги објави плановите за формирање канцеларија за „истрага на злосторства од земјотреси“.
Да потсетиме, претходно известивме за 98 апсења за грабежи по земјотресот, како и ограбувања на згради, како и лица загинати во земјотресот.
Фото: ЕПА
