ИМА СРЦЕВИ ПРОБЛЕМИ ИЛИ Е ПРЕЗАФАТЕН СО ВОЈНАТА: Рускиот министер за одбрана Шојгу од „сеприсутен“, сега го снема од јавноста
Бројни светски медиуми објавија текст во кој се прашуваат „каде исчезна рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу“, кој веќе некое време не се појавува во јавноста. Се шпекулираше за причините поради кои Шојгу „исчезна од радарот“, а официјална Москва денеска одлучи да открие каде се наоѓа министерот кој во овој момент е еден од клучните фигури при воената агресија од Русија кон Украина.
Портпаролот на претседателоѕ Владимир Путин, Дмитриј Песков изјави дека во овој момент не е време Шојгу да учествува во медиумски активности.
- Шефот на руското Министерство за одбрана Сергеј Шојгу сега има многу грижи. Во тек е специјална воена операција. Се разбира, сега не е време за медиумски активности. Тоа е сосема разбирливо – изјави портпаролот на Кремљ.
Запрашан да ги коментира извештаите од некои медиуми за наводни здравствени проблеми, министерот Песков рече: „Не мора да ги слушате. Ве советувам да се обратите во Министерството за одбрана со прашање“.
Руската агенција за истражување Агентство детално го разгледа присуството на рускиот министер за одбрана во медиумите откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари. Најновата ажурирана вест на профилот на Министерството за одбрана е од 11 март.
Тој ден, Шојгу телефонски разговарал со неговиот турски колега Хулуси Акар, а потоа отишол во централната воена клиничка болница „Мандрика“ во Москва, каде им доделил награди на руските војници кои „се истакнале во специјалната воена операција“.
Шојгу вообичаено е многу активен во медиумите, наведува Агенцијата, која често истакнувала дека пиарот е „главното оружје“ на министерот за одбрана. Наводно, јавниот имиџ на Шојгу е толку важен што во неговиот ПР се вклучени широк спектар на луѓе - од обични функционери на Министерството за одбрана до „големи генерали и приватни изведувачи чии услуги чинат многу пари“.
Меѓу другото, истрагата на Агенцијата тврди дека кога Шојгу ја презеде функцијата министер за одбрана во 2012 година, прес-службата на министерството почнала да работи без престан, бројот на персоналот нагло се зголемил, а замениците на Шојгу биле задолжени за следење на медиумското покривање и спречување негативно коментари.
На прашањето што се случило со министерот Шојгу и зошто не е во јавноста од 11 март, извор близок до министерот за одбрана за Агенцијата изјавил дека тој не се чувствува добро и дека има „срцеви проблеми“.
Foto: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY
