Економија, финансии, бизнис

Контакт

Има седум места на светот каде можете да патувате, но автомобилите се забранети

Има седум места на светот каде можете да патувате, но автомобилите се забранети

Постојат седум места во светот каде автомобилите се забранети. 

Во градот Ламу на истоимениот остров во Кенија, наместо автомобили, ќе ве пречекаат магариња. Патиштата, односно пешачките патеки се тесни и кривулести, што го прави речиси невозможно движењето со автомобил.

Чивита ди Бањореџио е село во Италија  каде нема автомобили, но уште поинтересен е фактот дека единствениот излез или влез во него е пешачки мост. Местото е на врв на рид со поглед на огромен кањон, изгледа навистина фасцинантно.

Халибут Коув од Алјаска има околу 90 постојани жители. Има и уникатна пловечка американска пошта, но и таму автомобилите се забранети. 

Селото Гитхорн во Холандија  е исполнето со пешачки и велосипедски патеки, како и водни патишта. Всушност, најпопуларниот начин за посетителите да ги видат градските куќи стари со векови е да ги истражуваат каналите со брод.

Цермат, град на швајцарските Алпи сè уште сериозно ја сфаќа својата политика без автомобили. Сите кои сакаат да останат во подножјето на Матерхорн - познат по скијање, планинарење и качување - мора да патуваат со воз, хеликоптер или такси.

Близу грчката престолнина Атина е лоциран островот Хидра. Штом ќе се симнете од таксито на вода, ќе ви биде тешко да најдете автомобил или дури и велосипед на островот.

Островот Сиес во Шпанија е достапен само со брод, нема хотели и дозволува само 1.800 посетители (плус 600 кампери) дневно.

Слично

Поврзани вести