Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМА САМО ЕДЕН УСЛОВ: Зеленски вели можно е да разговараат со Русија за територии

ИМА САМО ЕДЕН УСЛОВ: Зеленски вели можно е да разговараат со Русија за територии

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека неговата земја би била подготвена да разговара за територијални отстапки како дел од мировните преговори.

Тој рече дека Украина ќе биде подготвена „да разговара за територијални прашања, но само со целосен и безусловен прекин на огнот“.

„Целосно и безусловно примирје отвора можност да се разговара за сè. Она што го кажува претседателот Трамп е точно и се согласувам со него дека денес немаме доволно оружје за да ја вратиме контролата врз Кримскиот полуостров“, рече тој.

Претходно, официјални лица во Киев ја отфрлија можноста за територијални отстапки во замена за мир со Русија.

Доналд Трамп во интервју за списанието „Тајм“, објавено денес, изјави дека „Крим ќе остане руски“, но украинскиот претседател потоа повтори дека Крим ѝ припаѓа на Украина. Руската инвазија на Украина почна пред повеќе од три години. Украина не сака да отстапува територија на Русија. 

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави за Би-Би-Си дека Украина можеби ќе мора да отстапи дел од својата територија како дел од мировниот договор со Русија.

Слично

Поврзани вести