ИМА САМО ЕДЕН УСЛОВ: Путин го кани Бајден на чај и палачинки
Рускиот претседател Владимир Путин го кани американскиот претседател Џо Бајден на палачинки и чај.
Сака да се видат откако Америка ќе го повлече оружјето од Украина. Рускиот претседател ја нарече грешка испораката на ATACMS од долг дострел од САД во Киев.
„Тоа е уште една грешка на САД што не може радикално да ја промени ситуацијата на линијата на поделба. Изјавите дека Русија наводно ја губи војната во Украина во најмала рака се смешни“, рече Путин.
Тој не разбира, како што вели, зошто САД ѝ испорачале проектили со долг дострел на Украина ако Русија, како што велат, ја губи војната.
Украинските сили уништија цели на руските воени аеродроми во привремено окупираните Луганск и Бердијанск со армиските тактички ракетни системи со долг дострел (ATACMS) обезбедени од САД.
Слично
