ИМА САМО 15 ГОДИНИ: Момчето кое избоде ученици во Франција испратило писмо долго 20 страници
Ученикот Џастин П.(15) е уапсен денеска во францускиот град Нант, под сомнение дека убил еден ученик и тешко ранил уште тројца со нож во неговото средно училиште.
Според француските медиуми, пред нападот, осомничениот испратил писмо до целото училиште преку заедничка електронска пошта, напишано на речиси 20 страници, во кое наводно зборувал за ситуацијата во општеството. BFMTV, која имала пристап до е-поштата, вели дека писмото е многу збунувачко. Учениците во училиштето каде се случил нападот изјавија дека осомничениот од почетокот на годината се однесувал чудно.
Слично
