ИМА РЕЗУЛТАТИ-61 ОД 600 ПАТНИЦИ СЕ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД: Холандските власти утврдуваат дали се заразени со новиот разорен сој „Омикрон“
Корона вирусот е
потврден кај вкупно 61 од вкупно 600 приведени патници на аеродромот Шипхол во
Амстердам. Во петокот, веста за нов сој на корона одекна како бомба, а патници
од Јужна Африка не се дозволени во многу
земји, поради страв дека е можно да се заразени со омикрон сојот,
Според холандски „Де Телеграф“, во моментов се утврдува дали се работи за новит сој, за кој научниците велат дека е дури 500 пати позаразен и дека има повеќе од 30 мутации токму на спајк протеинот.
Инаку, патниците од двата авиона кои вчера слетаа во Амстердам од Кејптаун и Јоханесбург прво биле задржани во авионот, а потоа на аеродромот каде целосно биле одвоени од останатите патници, јавуваат холандските медиуми.
Слично
