Економија, финансии, бизнис

Контакт

Има опасноста од нов бран на коронавирусот, сличен на првиот од 2020 година

Има опасноста од нов бран на коронавирусот, сличен на првиот од 2020 година

Белгиските научници предупредуваат на опасноста од нов бран на коронавирусот, сличен на првиот од 2020 година. 

Кризниот штаб предупредува дека доколку продолжи растот на бројот на инфицирани, земјата ќе се најде во слична ситуација како за време на првиот бран. Белгиската федерална Влада пред неколку дена соопшти за благо заострување на мерките, но најави дека не се исклучени нови рестрикции. 

Минатиот понеделник регистрирани се 20.500 новозаразени, последен пат оваа бројка е регистрирана во октомври 2020 година. Иако бројот на тестирања, исто така, е зголемен, научниците нагласуваат дека стапката на позитивни тестови постојано расте. Што се однесува до болниците бројот на нови пациенти е зголемен за дваесет отсто, најпогоден е северот. 

фото freepik.com

Слично

Поврзани вести