Има ново распоредување на воени возила во Русија - еве што покажуваат сателитски снимки
Сателитски слики покажуваат ново распоредување на воени возила во Русија.
Транспортери на тешка опрема, кои се користат за движење на тенкови, артилерија и друга тешка опрема, се забележани во близина на границата со Украина. Рускиот претседател Владимир Путин им нареди на руските трупи да го одржуваат мирот во источна Украина откако Москва ги призна сепаратистичките региони Доњецк и Луганск како независни.
Максар технолоџис, приватна американска компанија за вселенска технологија, објави неколку сателитски снимки на кои се гледа ново распоредување на повеќе од 100 воени возила и десетици кампови за војници во западна Русија во близина на украинската граница, пренесе Ројтерс.
Украина прогласи вонредна состојба на целата територија во наредните 30 дена, со исклучок на отцепените Доњецк и Луганск, чија независност пред два дена ја призна Путин.
foto EPA-EFE/MAXAR TECHNOLOGIES
