Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМА НАДЕЖ ЗА МИР: Постигнат е договор за ставање крај на војната во Сирија

ИМА НАДЕЖ ЗА МИР: Постигнат е договор за ставање крај на војната во Сирија

На меѓународниот состанок во Виена, посветен на кризата на Сирија се постигна договор меѓу сириската влада и опозицијата.

Двете страни се договорија од  јануари оваа година, да почнат со преговори и во рок од 18 месеци да се формира преодна влада до изборите.

Петте главни членки на Советот за безбедност на ОН се согласија да ја усвојат оваа резолуција, со која се надеваат дека ќе се стави крај на војната во Сирија.

Државниот секретар на САД Џон Кери, објасна дека кога ќе се постигне договор за преодна влада, во рок од 18 месеци ќе треба да се обезбедат фер и праведни избори во Сирија.

Министерот за надворешни работи на Русија пак, Сергеј Лавров истакна дека се поголем е концезусот меѓу светските сили за заедничка борба против Исламската Држава.

Слично

Поврзани вести