ИМА НАЧИН ДА СЕ СЛЕДИ ДАЛИ ПРИМИРЈЕТО ФУНКЦИОНИРА: Зеленски даде предлог
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека американски сателити можат да гарантираат примирје во Украина.
Зеленски денеска изјави дека евентуалното примирје со Русија може да биде надгледувано со американските сателити и разузнавачки информации.
Претседателот додаде дека територијалните прашања биле тема на разговор меѓу американските и украинските претставници на средбата во Џеда, Саудиска Арабија, но дека за тоа е потребен дополнителен сложен дијалог.
„Ситуацијата во Курската област е очигледно многу тешка“, изјави тој за АФП, пренесува Франс24.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно неделава нареди руските сили во најкраток рок да ги истиснат украинските војници од „руска територија“, што тој го наведе како услов за евентуални мировни преговори. Голем дел од територијата што Украинците ја окупираа лани во август, сега Русите ја вратија под своја контрола.
