Економија, финансии, бизнис

Контакт

Има ли шанси Британија да остане во ЕУ?

Има ли шанси Британија да остане во ЕУ?

Шансите Велика Британија да остане во ЕУ, на крајот на краиштата, се 20 до 30 проценти, вели претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Во интервју за „Газета Виборча", Туск предложил одржување на уште еден референдум за Брегзит, со оглед на преседанот кој Британија веќе го имала бидејќи одржала два плебисцита за Европа, првиот во 1975-та година за тоа дали ќе остане во тогашната Европска економска заедница, во која се зачленила две години претходно. 

„Ако во 2016-та година било можно да се промени одлука донесена во 1975-та година, би требало да биде можно да се одржи втор референдум за Брегзит“, изјавил Туск. 

Тој не бил задоволен поради резултатот од гласањето, на кое 52 проценти од граѓаните гласале за излегување од ЕУ.

Слично

Поврзани вести