ИМА ЛИ ПОЛИТИКА И КОЈ Е ВО ПРАВО: Русија ги одложува инспекциите на Европската агенција за одобрување на нејзината вакцина Спутник В
Русија, како и во неколку наврати досега, повторно ги одложи инспекциите на Европската агенција за лекови (ЕМА) неопходни за одобрување на вакцината против коронавирус Спутник В во Европската унија, изјави амбасадорот на Унијата Маркус Едерер во Москва.
Вакцината Спутник В, која се користи во Русија и е одобрена за употреба во повеќе од 70 земји, е во процес на евалуација од Светската здравствена организација (СЗО) и ЕМА, од која се бара да добие одобрување на пазарите надвор од Русија.
Русија го обвини Западот дека одбива да ја одобри нејзината главна вакцина од политички причини, што им отежнува на Русите да патуваат.
„Ова е повеќе технички отколку политички процес“, рече амбасадорот на Европската унија за Рос Бизнис Консалтинг.
„Кога руските официјални претставници зборуваат за одложување и политизирање на европската страна од процесот, понекогаш мислам дека тоа најмногу се однесува на нив затоа што тоа го прават“, додаде тој.
Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко овој месец рече дека сите пречки за регистрирање на Спутник В кај СЗО се отстранети и дека останува само да се завршат документите.
Извор: Индекс.хр
