ИМА ЛИ КРАЈ НА ПАНДЕМИИТЕ? - Не, одговара директорот на Светската здравствена организација
Директорот на Светската здравствена организација Тедрос Гебрејесус предупреди денеска дека пандемијата со коронавирус не е последна пандемија и дека државите треба да вложуваат во јавното здравство за да бидат подготвени за идните здравствени кризи.
„Историјата не учи дека ова нема да биде последната пандемија, а епидемиите се животен факт“, рече Тедрос во видео порака.
Оценил дека поголемите вложувања во јавното здравство, со поддршка на владата и општеството, може да обезбедат нашите деца и нивните деца да наследат побезбеден, поотпорен и одржлив свет.
Слично
