ИМА КОДЕКС НА ОБЛЕКУВАЊЕ ЗА ПОГРЕБОТ НА ПАПАТА: Неколку политичари не беа соодветно облечени
Неколку политичари на погребот на папата го прекршиле кодексот на однесување.
Џорџа Мелони, италијанска премиерка, го прекрши традиционалниот кодекс на облекување за жените на погребот на папата Франциск. Кодексот бара долг црн фустан, црн превез, црни ракавици и минимален накит.
Ватикан, исто така, препорачува затворени и чевли со ниски потпетици. Мелони се појави во костум и не носеше превез. Американскиот претседател Доналд Трамп, го прекрши кодексот на облекување. Има кодекс на облекување за мажите. Строгиот протокол за настанот во Ватикан предвидуваше мажите да носат црн костум со долга црна вратоврска и бела кошула. Чевлите, долгите чорапи, палтата и чадорите исто така мораа да бидат црни. Американскиот претседател Доналд Трамп ги прекрши овие правила, кој се појави во син костум. Неговата сопруга Меланија беше облечена во црно и носеше многу високи потпетици. Украинскиот претседател Володимир Зеленски пак, не носеше ниту вратоврска ниту костум, туку носеше црни панталони, темна кошула и црна јакна. Екс претседателот Џо Бајден носеше сина вратоврска како Трамп.
