Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМА И ЖРТВИ: Русија ги нападна Киев и Запорожје

ИМА И ЖРТВИ: Русија ги нападна Киев и Запорожје

Повеќе станбени згради и објекти се оштетени во текот на изминатата ноќ во руските напади врз Киев, Запорожје, Соломјански и областа Свјатошински, а досега е потврдено дека најмалку седум лица се повредени во нападите, соопштија регионалните власти.

Најновите информации пак, говорат за најмалку четворица загинати, меѓу кои и 12-годишно девојче, и најмалку 10 повредени.

Шефот на воената управа на градот Киев, Тимур Ткаченко во објава на Телеграм посочува дека пет лица се повредени во нападот врз тој град, пренесува Укринформ.

Тој рече дека повеќе станбени згради и објекти се оштетени во нападот.

Главниот советник на претседателот Володимир Зеленски, Андриј Јермак соопшти за напади со беспилотни летала и ракети.

Претходно, Укринформ објави дека во земјата е прогласена голема воздушна тревога поради полетувањето на борбениот авион МиГ-31 и заканата од ракетни напади.

Слично

Поврзани вести