Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМА И „МИНИ МЕРКЕЛ“: Kоја е таа?

ИМА И „МИНИ МЕРКЕЛ“: Kоја е таа?

Германската канцеларка и претседател на Христијанско демократската унија, Ангела Меркел за генерален секретар на партијата ја именуваше Анегрет Крамп-Каренбауер.

Медиумите пишуваат дека Меркел ја избра својата наследничка.

Германскиот дневник Зидојче цајтунг објави дека Меркел сака премиерката на Сар Крамп-Каренбауер да го смени Питер Тобер на местото генерален секретар на ЦДУ.

Претседателството на ЦДУ веќе го прифати предлогот, а на седницата на партијата на 26 месецов таа би требало да биде избрана.

Крамп-Каренбауер е седум години на чело на покраината Сар и сега треба да премине во федерална политика.

Зидојче цајтунг пишува дека идејата за преминување во федерална политика дошла од Крамп-Каренбауер и дека околу тоа пред неколку месеци веќе разговарала со Меркел. Многумина во партијата сметаат дека Крамп-Каренбауер би можела да биде наследничка на местото канцелар на Меркел.

Меркел од 1998 до 2000 година била генерален секретар на партијата, а во 2005 година станала канцеларка.

Во партиските кругови Анегрет Крамп-Каренбауер ја нарекуваат и „АКК“. Таа, слично како Меркел, важи за прагматичен политичар, кој, ако го презеде „наследството“ на Меркел би ја продолжила политика на претходничката.

Се разликуваат во поединечни работи како фактот дека е ќерка на протестантски свештеник, мајка на три деца, и дека повеќе од Меркел инсистирала на зачувување на конзервативните вредности на партијата.

Слично

Поврзани вести