Има една земја со која Талибанците не сакаат да преговараат
Талибанците одбиваат да преговараат само со една земја.
Тие се подготвени да воспостават односи со сите земји освен со Израел. Ова го изјави нивниот портпарол Сухаил Шахин откако екстремистичката група објави дека формирала нова влада во Авганистан.
Шахин за руски „Спутник“ изјави дека Талибанците се подготвени да соработуваат со Соединетите држави, откако минатиот месец брзо ja соборија 20-годишнатa власт, поддржана од Западот, пренесува Тајмс оф Израел.
Талибанците низ историјата се познати дека ја подджале Ал Каеда, која рутински му се заканува на Израел и користи анти-израелска реторика во својата пропаганда. Oд 15 август земјата е под контрола на Талибанците. Фото EPA-EFE/ALEXANDER ZEMLIANICHENKO / POOL
Слично
