Економија, финансии, бизнис

Контакт

Има 70 години стаж во иста фирма и влезе во Гинисовата книга

Има 70 години стаж во иста фирма и влезе во Гинисовата книга

Британката Моника Еванс на 19 години почнала да работи во компанијата Kigass Aero Components, а денес има 89 години и 70 години стаж.

Таа влезе во Гинисовата книга на рекорди и за тоа лично доби честитка од британската кралица. 

На почеток добивала 12 шилинзи и 6 пени неделно. Таа е работник со најмногу стаж во Британија, а слободните денови кои ги земала можат да се избројат на прсти. За 7 децении работа направила само една грешка. 

И во најтешките моменти не си земала за право да отсуствува од работа, нема да оди во пензија и нема да менува компанија. 

„Ја сакам работата и луѓето со кои работам. Не можам да бидам дома невработена. Ќе работам додека можам“ - вели таа. 

Жената почнала со пенкало и хартија, а денес работи на интернет банкарство. 

Вели дека ако сте среќни на работа, нема зошто да ја менувате фирмата и да не бидете лојални. 

Слично

Поврзани вести