Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМА 66 ГОДИНИ И ПОВТОРНО РОДИ - директорката на германски музеј го доби своето 10-то дете

ИМА 66 ГОДИНИ И ПОВТОРНО РОДИ - директорката на германски музеј го доби своето 10-то дете

Александра Хилдебрант (66), директорка на приватниот музеј „Чекпоин Чарли“ во центарот на Берлин, го роди своето десетто дете, јавува германската новинска агенција dpa.

Александра Хилдебрант во вторникот за ДПА потврди дека нејзиниот син се родил со царски рез минатата среда.

Хилдебрант изјави за весникот „Билд“ дека родила осум деца откако наполнила 53 години. Таа има и две возрасни деца.

Хилдебрант отсекогаш сакала да има големо семејство и вели дека сака да ги охрабри луѓето да имаат повеќе деца.

Таа истакна дека не користела репродуктивни технологии за зачнување.

Се хранам многу здраво, пливам редовно еден час, пешачам два часа, не пушам и пијам и никогаш не сум користела контрацепција“, изјави таа за Билд.

Лекарот од болницата Шарите, Волфганг Хенрих, рече дека Хилдебрант е најстарата трудница за која се грижел, откако ги направи ги изврши сите осум нејзини царски резови.

Феникс магазин/Хина

Слично

Поврзани вести